Гостиварското обвинителство поднесе обвинителен предлог против две лица, жители на село Лакавица, на возраст од 27 и 52 години кои на 12 септември минатата година предизвикале значителна опасност за животот и телото на двајцата службеници кои воедно биле спречени во вршењето на службените дејности.

Основното јавно обвинителство Гостивар поднело обвинителен предлог бидејќи вечерта на 12 септември околу 21.50 часот, поради стоени две кривични дела.

-Службени лица, четворица полицајци, забележале патничкото моторно возило Голф натоварено со огревни дрва. Тие се приближиле кон возилото, но во тој момент, првообвинетиот влегол во возилото и тргнал по угорнина, со намера да побегне од самото место. Откако не успеал во тоа, првообвинетиот почнал да го враќа возилото со рикверц наназад кон оштетените полицајци, со што предизвикал значителна опасност и го сторил кривичното дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик. За тоа време, второобвинетиот со употреба на сила не им дозволувал на оштетените полицајци да се приближат до возилото и со тоа го сторил кривичното дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 1 од Кривичниот законик., стои во соопштението од Јавното Обвинителство на РСМ.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/04/2021 00:26