По несреќниот пораз во Скадар, неискористениот пенал на Јаховиќ, овој пат Имобиле беше кобен за Македонската фудбалска репрезентација и повторно во последните моменти од натпреварот.
Од како Нероаѕурите поведоа со 1:0 во првиот дел од натпреварот, за само 2 минути во второто полувреме, речиси на идентичен начин, Несторовски и Хасани направија целосен пресврт и репрезентацијата на Македонија поведе со 2:1. Италијанците изгледаа сосема изгубено и деконцетрирано на теренот а Мојсов имаше одлична шанса да ја запечати судбината на италијанската репрезентација и да донесе историска победа.
Но проклетството на 90-тата минута продолжи и во овој натпревар, па Имобиле не дозволи -изненадување на Филип Втори и најпрво со голот во 75-тата минута и донесе израмнување на италијанската репрезентација за да во 92-тата минута од судиското продолжение го постигне својот втор гол за пресврт и победа на Италија.
Селекторот на Македонската репрезентацијата по натпреварот упати честитки за италијанската репрезентација но истакна дека вистинските честитки одат за фудбалерите на Македонија. „Би сакал да честитам на Италија за победата меѓутоа вистинските честитки одат за моите фудбалери. Играа против четирикратен светски шампион и не се исплашија. Знам дека можеби ќе ме критикувате ама не заборавајте со кого игравме“, истакна Ангеловски на средбата со новинарите.