Посетата на претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Томас Бах на Токио е откажана поради растот на бројот заразени со коронавирус, соопшти организацискиот одбор денеска паралелно со објавувањето на најновите анкети кои покажуваат негативно расположение на Јапонците за одржување на летната Олимпијада.
Бах требаше да престојува во Јапонија на 17. и 18 мај, соопшти организацискиот одбор, наведувајќи серија причини за откажување на неговата посета, особено продолжувањето на вонредната состојба во Токио.
Јапонските власти минатата недела ја продолжија вонредната состојба во Токио и други пет префектури до 31 мај во обид да го спречат растот на новозаразени со коронавирус.
Најновите анкети на јавното мислење во земјата домаќин на Олимпијадата покажуваат дека 59 отсто од Јапонците сакаат Игрите да се откажат, додека 39 отсто од испитаниците поддржуваат одржување на манифестацијата.
Јапонскиот премиер Јонишиде Суга изјави денеска дека никогаш не го ставил одржувањето на Олимписките игрите на приоритетно место, алудирајќи на грижата за здравјето на Јапонците.