Во СВР Велес вчера во 10:40 часот било пријавено дека на ул.„Благоја Ѓорев” во Велес, патничко моторно возило „шевролет спарк” со велешки регистарски ознаки, управувано од 66-годишниот велешанец Б.П. удрило во пешакот 50-годишната О.Г. од Велес, информира портпаролот Верољуб Додевски.

Во незгодата О.Г. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР-Велес, информира Додевски.

Портпаролката на ЈЗУ Општа болница, д-р Елеонора Јованова изјави дека пациентка на 50-годишна возраст била донесена на одделот за хирургија, повредена во сообраќајна несреќа како пешак, се здобила со нагмечување на главата и скршеница на ребро.

– Направени се потребни испитувања и пациентката е пуштена на домашно лекување, додаде д-р Јованова.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/05/2021 13:41