СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.М.(36) од с.Лажани, општина Долнени, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „одземање дете“ и „неизвршување на судска одлука“.

Пријавениот одбивал да постапи по донесеното судско решение за развод од Основен суд Прилеп од 02.04.2021, во кое стои дека неговото малолетно дете е целосно доделено на чување, воспитување и делумно издржување кај неговата мајка, без право на гледање од него.

Пријавениот, детето го задржувал кај себе подолг период и не ѝ го давал на мајката да го земе.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/05/2021 01:53