Изгоре камион утрово кај Неготино, потврди Иле Илиев, командир на неготинската Тероторијална противпожарна единица. Пожарникарите со две противпожарни возила најбрзо што можат интервенирале на лице место.

– Дополнителна несреќна околност беше што камионот, со македонски регистарски ознаки, бил полн со хартија. Тоа допринело огнот кој првично се јавил кај моторот, уште повеќе да се разгори, појасни Илиев.

Причинета е материјална штета, а дополнително ќе се утврдуваат причините за пожарот и висината на материјалната штета.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/05/2021 12:55