На 14.05.2021 околу 01.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Т.(55) од Скопје, затоа што околу 00.00 часот влегол во двор од куќа на ул.„Петар Драпшин“, каде што седеле Г.А.(33) и Б.Д.(30), двајцата од Скопје, и извадил бомба кашикара, која успеале да му ја одземат.

С.Т. бил приведен во Полициска станица Кисела Вода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/05/2021 02:01