Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (14.05.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 148 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 54 санкции, пет за возење без возачка дозвола, шест прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

Изречени се девет санкции за користење мобилен телефон, седум за минување на затворен сигнал (црвено светло), 48 санкции за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/05/2021 11:56