Во текот на вчерашниот ден (14.05.2021) Министертвото за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 461 возач.
Од нив, 45 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 20 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.