На 14.05.2021 на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.И.(32) од Скопје. При претрес во неговиот дом и други простории, извршен по добиена судска наредба од Кривичен суд Скопје, биле пронајдени и одземени марихуана и вага.
Б.И. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен поднесок за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по член 215 од Кривичниот законик.