Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истрага за 32-годишен скопјанец поради основано сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на дрога.
Како што стои во соопштението од ОЈО, службените лица, при извршен претрес во домот на осомничениот, на 14 мај 2021 пронашле марихуана во количина од 497,6 грама и дигитална вага на која има утврдено присуство на кокаин и тетрахидроканабинол – психоактивна компонента што го содржи растението Канабис.
Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување на мерка притвор за осомничениот кој се товари за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.