Тројца дебрани ја прекршиле забраната за движење од 24 до 4 часот со цел спречување на ширењето на вирусот Ковид-19 и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Според полициската статистика од овој месец ова е прво прекршување на забраната за движење, наспроти минатиот месец, кога до 17 април полициските службеници од дебарското одделението за внатрешни работи евидентирале 10 вакви прекршувања.

-Во последното деноноќие полициските службеници констатирале еден прекршок за неносење лична заштита на лицето или вкупно до сега 42 овој месец. Бројот на прекршоци од овој вид споредено со истиот период минатиот месец е половична, кога од први до 17 април се констатирани 83 прекршоци, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Во исто време, додава тој, во координација со државниот пазарен инспекторат, извршени се 24 контроли по угостителски и други објекти.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/05/2021 15:40