На 17.05.2021 во 14.15 часот полициски службеници од Сeктор за меѓународна полициска соработка, Отсек за потраги, на подрачјето на Катланово го лишиле од слобода Б.А.(41) од скопски Петровец, баран по распишана централна потерница, а по наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување на казна затвор.
Лицето е предадено во Полициско одделение Петровец за понатамошна постапка и ќе биде спроведено во казнено-поправна установа.