На 17.05.2021 во 14.25 часот од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек за потрага, на подрачјето на с.Бадар е лишен од слобода П.А.(40) од Скопје, по распишана централна потерница и добиена судска наредба, за издржување на казна затвор за сторено кривично дело „тешка кражба“. Лицето е предадено во полициска станица, по што ќе биде спроведено во Казнено-поправна установа за издржување на затворската казна.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/05/2021 00:07