На 18.05.2021 во 19.30 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода С.И.(48) од с.Гарани, кичевско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и разни предмети со остатоци од прашкаста материја.

Тој бил приведен и задржан во ОВР Кичево и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/05/2021 12:57