На 19.05.2021 во 18.45 часот од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Одделение потраги, на бул.„Мајка Тереза" во Скопје, бил лишен од слобода Р.К.(36) од Скопје, по добиена судска наредба, заради доиздржување на затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Идризово.

За Р.К. била распишана централна потерница за лице осудено на вкупно 10 години и 9 месеци казна затвор. Лицето е предадено во Полициска станица Центар за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведено во Затворот Идризово за доиздржување на казната.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/05/2021 13:35