Две лица вработени во Ски ценатр Маврово се задобие со потешки повреди по пад кавдрицикл. Од првичните сознанија, тие се движеле по двосед патеката и од непознати причини возилото се првртело.
Според СВР Тетово, вчера утрото (19.05.2021 година околу 09.00 часот) во било пријавено дека во Маврово, поточно на двосед стазата во ски-центарот Заре Лазарески, О.Ц.(54) од Скопје, управувајќи четирицикл, сопственост на ски-центарот Заре Лазарески, изгубил контрола и се превртел. Во незгодата, тој и сопатникот М.Д.(45) од Битола, двајцата вработени во ски-ценарот, се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во медицински установи во Скопје.
Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гостивар.