Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ и „загадување на животната средина и природата“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.К.(42) и В.К.(40), двајцата од струшкото село Велешта.

Пријавените, како сопственици на парцела покрај брегот на Охридското езеро во Струга, на 03.03.2021 ангажирале лица кои со градежна механизација извршиле насипување и тампонирање на нивното земјиште, но и на површина што е во државна сопственост.

Притоа, узурпирале 1.372 метри квадратни државно земјиште, а со насипување на земја и градежен шут во водите на Охридското Езеро извршиле загадување на водите, уништивање на трската и на езерскиот биодиверзитет.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/05/2021 01:47