СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.С.(51) од с.Грчец, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „издавање чек без покритие и злоупотреба на платежна картичка’’.

Пријавениот, вработен како возач во фирма од тетовско, во периодот од 16.10.2020 до 11.02.2021 во 12 наврати во Република Грција ја злоупотребил платежната картичка за нафта и патарина за износ од 267.525 денари.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/05/2021 01:47