СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Ѓ.(37) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“ и Д.Ш.(43) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „соизвршителство“ и „помагање“.
На 23 април 2021, пријавениот Д.Ѓ. отишол во спортска обложувалница во Тетово, во која претходно бил управител, ги отстранил рекламните материјали и од касата земал 439.400 денари. Истиот ден, кога менаџерот на обложувалницата се јавил на второпријавениот и побарал да ги уплати парите на сметка на обложувалницата, тој го известил дека парите ги земал првопријавениот Д.Ѓ..