Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.05.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 198 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, четири за возење без возачка дозвола, 11 прекршоци што ги чинат возачите за мотоцикли.

Изречени се шест санкции за користење мобилен телефон, 64 прекршоци што ги чинат пешаците, 41 санкција за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/05/2021 12:50