СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.П.(30) од Тетово, овластено лице во правен субјект-казино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.
На 31.12.2020/01.01.2021, полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане – СВР Тетово извршиле контрола во казиното и притоа биле затекнати 50 лица, со што било постапено спротивно на препораките и мерките на Владата за спречување на ширењето на ковид-19.