На 21.05.2021 полициски службеници од Единица за недозволена трговија при СВР Скопје, на подрачје на Карпош го лишиле од слобода Н.С.(39) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело "неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори".

Полициските службеници, постапувајќи по претходно издадена судска наредба од Основен суд Скопје 1 при претрес во домот на пријавениот пронашле саксии со канабис и импровизирана просторија за одгледување на канабис. По документирање на случајот против пријавениот ќе биде поднесена кривична пријава по чл.215 од Кривичниот Закон.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/05/2021 14:58