СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.С.(52) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „несовесно работење во службата“.
Во јануари и февруари 2013 година, пријавениот извршил наплата во износ од 55 283 денари од Ш.Ќ. и П.Т. од Охрид за продажба на гробни места, при што им издал фискална сметка која подоцна ја сторнирал, со што паричните средства не ги предал во благајната и не ги евидентирал во компјутерска евиденција на ЈП „Градски гробишта“ Охрид.