СВР Охрид, до основното јавно обвинителство во Тетово, поднесе кривична пријава против В.А.(28) од селото Церово, општина Желино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Тој на лажен профил на социјалната мрежа „ТикТок“ поставил содржина со која ширел расистички и ксенофобичен материјал кој, промовира и поттикнува омраза, дискриминација и насилство.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/05/2021 00:57