На 23.05.2021 во 13.30 часот во с.Кадрифаково, светиниколско од полициски службеници од ПС за БПС Штип биле лишени од слобода М.Ф.(27), Ф.Р.(40) и Љ.И.(25), сите од Скопје, бидејќи при извршен преглед над нив и патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки во кое се превезувале, биле пронајдени 60 грама хероин, како и марихуана.

Против лицата е поднесена кривична пријава и во текот на денот ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/05/2021 11:21