Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.05.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 217 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 79 санкции, а 11 за возење без возачка дозвола.

Изречени се четири санкции за користење мобилен телефон и 15 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/05/2021 11:43