Денеска(26.05.2021) во 00.20 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар ги лишиле од слобода К.М.(31) и И.М.(32), двајцата од Гостивар.
При претрес во нивниот дом во Гостивар, извршен со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле 17 пакувања со бела прашкаста материја.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.