Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинителен акт против жител на Добридол кој се гони за кривично дело „приредување игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган“ од член 156 став 3 од Законот за игри на среќа и забавните игри.

Како што информира ОЈО, обвинетиот 33-годишник, во деловен објект лоциран во семејната куќа во сопственост на неговиот татко во Добридол, организирал и приредувал игри на среќа КЕНО без соодветна документација – лиценца односно дозвола од надлежен орган.

-При контрола на 25 февруари, полициски службеници му ја пронашле и времено му ја одзеле инсталираната опрема за приредување на игрите на среќа, соопшти ОЈО.​​



Автор: Администратор
Објавено на: 26/05/2021 13:54