Вчера е пронајдена стара артилериска граната калибар 75 мм од Првата светска војна, соопшти денеска МВР.

– Вчера во СВР Битола, З.Б.(55) од Битола пријавил дека на ул.„Смилевски конгрес“ во Битола, при вршење на поправки на улицата била пронајдена стара артилериска граната калибар 75 мм од Првата светска војна, се наведува во соопштението на Министерството.

Посочуваат дека гранатата била безбедно подигната од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/05/2021 14:13