Приведени две лица од Гостивар, кај кои биле пронајдени 17 пакувања со бела прашкаста материја, соопшти МВР.

– Утрово во 00:20 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар ги лишиле од слобода К.М.(31) и И.М.(32), двајцата од Гостивар. При претрес во нивниот дом во Гостивар, извршен со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле 17 пакувања со бела прашкаста материја, се вели во соопштението на Министерството.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/05/2021 14:25