Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до скопскиот Основен кривичен суд поднесе предлог за издавање казнен налог против 31-годишна скопјанка за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ од член 378 став 1 од Кривичниот законик, соопшти ОЈО Скопје.

– Обвинетата, на 5 мај, на шалтер за проверка на пасошите на Меѓунарoдниот аеродром Скопје, прикажала фалсификувана исправа – медицински сертификат за негативен тест на SARS-CoV-2 вирусот. Иако знаела дека не се тестирала во наведената лабораторија и дека таков сертификат не и е издаден, таа лажната исправа ја употребила како вистинита, информираат од скопското Обвинителство.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/05/2021 15:29