Денеска (26.05.) на подрачјето на СВР Тетово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 82 возачи, од кои 70 на територија на Тетово и 12 на територија на Гостивар. 27 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а пет за дури над 70 километри на час над дозволената.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/05/2021 00:17