СВР Велес поднесе кривична пријава против С.Д.(27) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и „кражба“.
Пријавениот, на 04.05.2021 од патничко возило паркирано во двор на ул.„Ѓорѓи Димитров Вешката“ во Неготино одзел паричник, по што платежните картички од паричникот ги искористил за плаќање во продажен објект во Неготино со што се стекнал со противправна материјална корист од 210.500 денари.