СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.С.(52) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење“.
Пријавениот во својство на службено лице вработено во ЈП„Градски гробишта“-Охрид, по склучување на два договори за купување на гробни места издал службена каса-прими документ и фискални сметки, а потоа свесно не го завел лицето како сопственик на гробните места во службените евиденции, фискалните сметки ги сторнирал, каса-прими документот го прикрил, а парите не ги предал во службената благајна и противправно ги присвоил за себе, со што нанел штета на Јавното претпријатеие во износ од 92.000 денари.