Нерасчистени имотно правни и должничко доверителски односи се причина за повеќе физички напади и пресметки евидентирани од тетовската полиција и неколку приведувања. Во Боговиње, полицајците ги привеле двајца тамошни жители А.М.(55) и А.М.(51) затоа што претходно, поради нерасчистени имотно-правни односи, се заканувале на Е.А.(26) од скопско Глумово и на Ќ.Б. (59) од Боговиње.
-Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. При преземање на мерки по претходните пријави, на местото биле затекнати албанските државјани Л.Л.(24) и А.К.(24), кои извршувале работни задачи и кои немале никакви документи за работа. Тие, исто така, биле приведени во Полициското одделение Камењане за понатамошна постапка, инфомира Фатмир Реџепи портпарол во СВР Тетово.
Подоцна во текот на денот 29-годишник од тетовско Џепчиште пријавил дека во селото бил физички нападнат од неговиот чичко. Вечерта во 20:30 часот во тетовско Селце, приведени се Б.С.(49) од тоа село, како и Б.Б.(23) од Мала Речица и затоа што, поради нерасчистени должничко доверителни односи, му се заканувале на М.Ј. (24) од село Селце.