Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против осум лица за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Обвинетите, како што соопшти Јавното обвинителство, биле затекнати при непочитување на полицискиот час. Спротивно на одлуката со која се забранува движење на населението во одредени делови на денот како мерка за превенција на ширењето на коронавирусот, тие без дозвола се движеле на различни локации во градот.

Надлежниот јавен обвинител за сите обвинети предложил парични казни од 100 дневни глоби од по 20 евра во денарска противвредност.​​



Автор: Администратор
Објавено на: 28/05/2021 14:18