Туристичка агенција од Гостивар ќе се соочи со санкции, бидејќи во два нејзини автобуси кои се движеле кон Охрид имало повеќе патници од дозволеното со мерките за справување со пандемијата.

Според МВР, утрово (28.05.2021) околу 8 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај селото Другово, полициски службеници од ПС за БПС Кичево извршиле контрола во два автобуси на туристичка агенција од Гостивар. Во автобусите што ги управувале Б.М.(63) од гостиварско Балиндол и И.И.(51) од Форино, гостиварско бил констатиран претовар.

– При контролата било утврдено дека во автобусите се превезуваат поголем број патници од дозволениот максимум од 75% исполнетост на капацитетот на возилата кои вршат јавен превоз на патници. Со тоа е утврдено дека не се почитувани мерките за превоз на патници според здравствените прописи за време на епидемија, наведуваат од МВР.

За случајот е известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/05/2021 14:49