Македонскиот поет Митко Гогов денеска ќе биде дел од меѓународно читање што го организира Интернационалната федерација на писатели за слобода од Буенос Аирес, Аргентина.

Манифестацијата ќе обедини поети од Европа, Азија и Африка кои говорат гласно за мир и правда во Палестина и во Колумбија.

– Oва е можност за поетите да проговорат за она што се случува во Палестина, Колумбија, но и насекаде низ светот. Веруваме дека со помош на уметноста и културата може да се надминат овие проблеми, а и крајно време е да престанат. Поети, што да правиме, подобро ова, отколку лоши мисли…, велат организаторите.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/05/2021 00:41