Со театарската претстава „Дон Жуан“ од Молиер, во изведба на младите театарски уметници од класата на Проф. Дејан Пројковски, при Интернационалниот универзитет Еуропа Прима, вчера на 27 мај, заврши меѓународниот настан: „БАЛКАНОТ Е СРЦЕТО НА ЕВРОПА - Академија Балканика Еуропеана, промотор на балканските креативни вредности“.

На настанот кој се одвиваше во организација на ACADEMIA BALKANICA EUROPEANA, со поддршка на Интернационалниот универзитет Еуропа Прима од Скопје и Кинотеката на Македонија, со свои изведби и дела, (фотографска изложба, филмска презентации, тетарски претстави и други културни и уметнички перформанси) настапија повеќе млади уметници од регионот.

Academia Balkanica Europeana (www.ab-europeana.org) обединува повеќе значајни творци од областа на културата, науката и уметноста од десет балкански земји, со цел да имовозможи на културната јавност и младите луѓе од регионот да ги откријат темите и предизвиците на уметничкиот и културниот свет во својот оригинален контекст.

Од повеќето содржини на манифестацијата, вреди да се издвојат театарската изведба „Госпоѓица Јулија“, на студентите од класата на Проф. Мето Јовановски и настапот на младите музички уметници од класите на Проф. Љупчо Коскаров и Проф. Дарко Мариновски.

Во текот на трите дена во кои што се одвивше манифестацијата, беа оранизирани и онлајн мастер класови, по фотографија на Проф. Роберт Јанкулоски и по актерска игра, од Лаерти Васили, познат актер од Албанија.

Исто така, во рамките на манифестцијата се одржа меѓународна онлајн конференција по наслов: "БАЛКАНОТ Е СРЦЕТО НА ЕВРОПА - Преплетување на културните идентитети како поттик на креативна експресија", на која учествуваа повеќе значајни интелектулци и творци од Македонија и регионот како, Проф. Јордан Плевнеш, Проф. Александар Прокопиев, Проф. Елизабета Шелева, Проф. Башким Шеху, Проф.Јон Карамитру итн.

На крајот од конференцијата, на предлог на Проф. Жан-Патрик Конрад од Империал колеџ од Лондон, беше одлучено во текот на 2022 година страна на ACADEMIA BALKANICA EUROPEANA да се организира меѓународна конференција на тема: „Балканските културни трезори (материјално и нематеријално богатство) во европската историја и цивилизација“.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/05/2021 01:10