Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска на отворањето на семинарот во организација на ВМРО-ДПМНЕ и Фондацијата Конрад Аденауер, насловен како „Законодавните политики наспроти економските, политичките и општествените предизвици од 2021 година – Зајакнување на капацитетите на пратениците“ во хотел „Unique“ Охрид, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали тој со вчерашната изјава дадена за последната афера во која се побарани 250 илјади евра како мито за тендер РЕК Битола, се оградува дека станува збор за Вице Заев, одговори дека можеби некој се израдувал дека е тоа така и дека ВМРО-ДПМНЕ оди чекор наназад, но вистината е дека оди два чекори нанапред.

„Не, таман работа. Јас бев тој првиот кој што пред три години зборуваше за тоа што го презентиравме како политичка партија и јас лично на тој брифинг дека компании блиски до семејството на власт, Заеви, се тие компании коишто практично пустошат во Рударско-енергетскиот комбинат Битола, го осиромашуваат ЕЛЕМ, а тоа денеска ќе предизвика поскапување на електричната енергија поради пљачката која што овие компании и ова семејство ја прават на ЕЛЕМ и генерално на државните институции. Такашто можеби малку бев ироничен и саркастичен ако некој се порадува дека ние правиме чекор назад, не напротив, ние одиме два чекора напред“, потенцираше Мицкоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/05/2021 01:11