На 27 мај 2021 околу 07.30 часот во Полициското одделение Шуто Оризари било пријавено дека на ул.„Индира Ганди“ бил пронајден починат Т.С.(18) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Претходно пак, медиумите објавија дека станува збор за матурантот Тони Сали кој 10 години водеше битка со институциите за да добие матичен број, извод од книга на родени и основни лични документи.