Во организација на Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе се одржи Национален квалификациски натпревар по кинески јазик „Кинески мост“.

На натпреварот што ќе се реализира во неколку категории: возрасни, студенти, средношколци и деца, преку онлајн платформата ZOOM.US, најавено е обраќање на амбасадорот на НР Кина, Џанг Ѕуои и на ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски.

Традиционалниот натпревар, како што информираат од Институт „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, започнува на национално, а завршува на интернационално ниво, со учество на националните победници.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/05/2021 12:41