На 28.05.2021 во 19.10 часот на бул.Александар Македонски во Радовиш од полициски службеници е лишен од слобода К.Ј.(28) од Радовиш, кој управувал патничко моторно возило „фолксваген бора“ со радовишки регистарски ознаки, бидејќи при претрес кај него и во возилото биле пронајдени прашкаста материја и таблета.

По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/05/2021 14:57