Во текот на вчерашниот ден (28.05.2021) Министертвото за внатрешни работи спроведе зајакната контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 504 возачи.
Од нив, 45 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возилa се движелe со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Куманово -78, а потоа на територија на СВР Штип-75.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.