Четириест и осумгодишен маж од Штип пронајден е мртов во стан во Скопје каде престојувал.
Како што соопшти МВР, вчера во 08.11 часот во СВР Скопје, З.Б.(41) од Скопје пријавил дека околу 07.00 часот откако телефонски не стапил во контакт со С.Т.(48) од Штип отишол во станот каде престојувал во Скопје при што го пронашол С.Т. починат, по што од итна медицинска помош била констатирана смрт.
По наредба на Јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.