На 29.05.2021 околу 15.30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода А.И.(45) од Охрид.

При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена содветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/05/2021 15:36