На 29.05.2021 во 17.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека во сопствениот стан на ул.„Илинденска сага“ бил пронајден починат И.И.(47). Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од итна медицинска помош, а увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
На 29.05.2021 околу 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во станот во кој живеел на ул.„Лихнида“ бил пронајден починат А.Д.(55). Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.