Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на пријавените полнолетни лица – познати сторители на кривични дела во 2020 година, во споредба со 2019 година, е зголемен за 11.8 отсто.

Во 2020 година, во споредба со 2019 година, бројот на осудените полнолетни лица е зголемен за 34.8 проценти, а бројот на обвинетите лица е зголемен за 29.7 отсто.

Зголемување на бројот на сторители на кривични дела и осудени има и кај малолетниците. Така, бројот на пријавените деца во судир со законот – сторители на кривични дела, во 2020 година, во споредба со 2019 година, е зголемен за 16.2 проценти.

Во 2020 година, во споредба со 2019 година, бројот на осудените деца во судир со законот – сторители на кривични дела е зголемен за 15.1 отсто, информираат од ДЗС.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/05/2021 15:08