На 01.06.2021 на подрачјето на СВР Битола е спроведена засилена контрола во областа на сообраќајот, при што било констатирано дека 89 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, 23 возачи управувале возило без возачка дозвола, осуммина разговарале на мобилен телефон и тројца не користеле сигурносен појас.
За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.